Во северна Патагонија, во Чиле, се наоѓа биолошкиот резерват Huilo Huilo каде туристите може да се сместат во хотелот во вид на магична шумска колиба. Овој хотел е изграден од камен, а прозорците се обраснати со бујна вегетација. Од зелениот покрив се слеват млазеви вода за наводнување на вегетацијата на фасадата.
Хотелот е проектиран по древната легенда која вели дека во таа област постои магична планина која исполнува желби. За изградба на хотелот се користени локални материјали како камен и дрво. Резерватот Huilo Huilo се протега на површина од 600 km2, и посветен е на зачувување на биодиверзитетот и дивите животни кои живеат на тоа подрачје.
Релативно неистражениот регион привлекува бројни туристи кои сакаат да го доживеат едно од најдивите места на светот.