Насловна / Архитектура / Експресивен и „жив“ станбен организам

Експресивен и „жив“ станбен организам

166233_resize

Во Сингапур е изграден масивен станбен објект The Interlace според проект на данското архитектонско биро „OMA“ и архитектот Оле Шерен (еден од сопстениците на бирото).
Овој огромен „жив организам“ е сместен на осум хектари во срцето на зелен реон во Сингапур. За разлика од изолираните и стандардни станбени вертикални објекти, оваа хоризонтална „распадната“ структура со импресивни димензии има тенденција да ги преплете станбената архитектура, животната средина и самите луѓе во една разиграна „бесконачна“ целина. Една мрежа од приватен и јавен простор која се чини има можност да продолжи да расте како нагоре така и на страна.

166234_resize 167322_resize

166235_resize
Експресивната просторна композиција се состои од 31 модуларни блокови, од кои секој е 70 метри долг и висок шест ката. Комплексот се состои од осум хексагонални отворени дворови. Вкупната квадратура на зградите и на 1.040 станови изнесува 170.000 м2. Блоковите се испреплетени меѓу себе, се „потпираат“ еден на друг и истовремено „висат“, создавајќи мноштво од средени простори на различни височини.

166236_resize

Комплексот вклучува двособни, трособни и четирособни апартмани, потоа пентхауси и дуплекси со кровни градини, како и богата листа на заеднички модерни удобности како што се четири базени, театар, павилјони за забави, спа-центар, детски игралишта, итн.166237_resize 167312_resize 167319_resize 167318_resize 167317_resize 167314_resize 167313_resize 167320_resize 167321_resize 167322_resize 167323_resize 167324_resize

Испрати коментар

Scroll To Top