Насловна / Ентериери / Патување низ естетиката на ентериерот на Voyage Mediterraneo на брендот Bulgari во Дубаи

Патување низ естетиката на ентериерот на Voyage Mediterraneo на брендот Bulgari во Дубаи

00-voyage-mediterraneo_r
Предизвикот на овој дизајн се состои во радикалното преиспитување на изложбената естетика за познатиот бренд Bulgari во Дубаи. Самиот клиент побарува од студиото Nana, модуларен пристап во дизајнот на елементите на pop-up изложбени „екрани“, со цел да се приспособат ефикасно во различни просторни услови на различни стоковни куќи.

01-voyage-mediterraneo_r
Изложбените експонати се направени од двојно свиткани цврсти површини, кои формираат тродимензионални скулптури како текстура. Панелите имаат дебелина од 12 милиметри и се термоформирани од дрвени  шаблони, пред да бидат залепени заедно на бесшевен начин, со цел да служат како елементи за изложување.

02-voyage-mediterraneo_r

Дизајнот се состои од две панелни компоненти со различна големина и искривување, а потоа се мултиплицирани за да ги обликува производите. Секој панел е искривен за 90 степени околу неговата централна оска. Кога ќе се залепат заедно во континуирана површина, создаваат прекрасна игра на светлина и ритам во ентериерот.

03-voyage-mediterraneo_r 04-voyage-mediterraneo_r
Повторливата и воздржана палета на бои е употребена за да ја неутрализира мулти-шареноликата средина на мноштвото производи од брендот, и да создаде различна слика за инсталацијата. Иако расфрлани во просторот, изложбените елементи со меѓусебната поврзаност, визуелно ги водат купувачите од една кон друга понуда во продавницата.

 

Испрати коментар

Scroll To Top