Насловна / Архитектура / Трансформација на стар хотел во хостел кој остава без здив

Трансформација на стар хотел во хостел кој остава без здив

MG_8752

Во зграда во самиот центар на Задар, на стар римски форум, каде некогаш се наоѓале, најпрвин Хотел Форум со триесетина соби, потоа управната зграда на Туристхотел, просторот е уреден и пренаменет во Boutique Hostel+Café, со капацитет од 37 соби со 111 легла.

471589a7a9de546b5b4acb41a7a60ba8_DSC_1784

Затекнатиот просторен лимит е трансформиран со нови гипс-картонски геометрии, различен растер на бои, керамички плочки во ритам, сјајни лакови, акрилни рефлектирачки плочи и затемнети огледала, како би се создал нов однос кон римскиот форум, во една модернистичка атмосфера.

 

MG_9938 DSC_0867
Програмата постепено варира од приватно во јавно, со континуиран ходник кон собите, каде е инсталиран дворен павилјон како место за средби на гостите, па кон Café просторот, кој е сместен точно на пресекот на Cardo и Decumanus (главните улици на правоаголната мрежа на римскиот Форум).

IMG_1227 d288d41fa6066856393e008e2d394bb8_DSC_0239

За преуредувањето, задарската туристичко-угостителска агенција Туристхотел инвестирала 1,5 милиони евра, а проектот на хостелот го изработија проектантот Тома Плејиќ од Studio Up и дизајнерот на просторна графика Дамир Гамулин.

 

40cdc61ffe8e45973b64de6b9f52b2b0_DSC_0202 53a44204c34906565a0f6f56727c12c2_DSC_0030 MG_8251

Хостелот се разликува по архитектурата и ентериерот од просечен хостел, бидејќи собите се четирикреветни и двокреветни, а секоја има своја мала бања и приклучок за Интернет. Во ходниците преовладуваат белата и задарската-модра боја, а во боксовите на хостелот и двокреветните соби доминираат портокалови тонови.

MG_8075 MG_8649

Во хостелот има неколку заеднички простории како мала трпезарија, трибина за разни активности, просторија за самопослужување, дворен простор и др. На третиот кат собите се ексклузивни по уредување и по погледите што ги нудат кон Форумот и морето. Таму може да се избере соба обложена со млечно стакло или со црни огледала кои ја пренесуваат надворешната сценографија во собата. Освен тоа, подовите се закосени а креветите подигнати, за да може од креветот да се набљудува надвор.

Испрати коментар

Scroll To Top