Автор на проектот за новиот стадион „Кантрида“ во Риека, италијанскиот архитект Џино Заванела, одговорен за стадионот на фудбалскиот клуб „Јувентус“ во Торино.
Новиот стадион „Кантрида“ ќе се прави на постоечкиот терен и старото здание ќе добие сосема нов изглед. Така во подножјето на познатата карпа наскоро ќе започне изградбата на ултрамодерниот фудбалски објект.
Компанијата „Стадион Кантрида доо“, по потпишувањето на прелиминарниот договор со Градот Риека е подготвена да започне со изградба веќе во јануари 2015 година, а стадионот би требало да биде завршен до јули 2016.
На стадионот ќе има 14.000 седишта, од кои 3000 места за ВИП посетители, како и 4000 места за најверните фанови. Се проценува дека овој проект ќе чини најмалку 25 милиони евра.
Инаку, во изборот на американската ТВ куќа CNN „старата Кантрида“ беше прогласена за еден од најнеобичните стадиони во светот.