Насловна / Вести / АМСС го направи првиот српски електромобил

АМСС го направи првиот српски електромобил

amss_660x330

Авто Мото Сојуз на Србија (AMСС) објави дека утре, 18 јули, ќе го претстави првиот српски електричен автомобил, кој за шест месеци, успеале да го направат инженери на Центарот за моторни возила (ЦМВ) AMСС со инвестиција од околу 20.000 евра, и на тој начин да покажат дека можат да создадат ваков автомобил.
Електричниот автомобил е револуција во областа на производството на автомобили, не бара скапи поправки и сервис, модерна е и еколошки производ, и наместо течни и гасовити горива користи електрична енергија.
Полесен е и поедноставен е. Со едно полнење, српскиот електричен автомобил, за сега, ќе може да се движи до 150 километри.
Српскиот прототип се уште не е можно да биде шпуштен официјално во сообраќајот, но е сертифициран, што значи дека може да биде и понатаму да се испитува, легализира и да добие конечна дозвола од Агенцијата за безбедност во сообраќајот.
После тоа, електричниот автомобил ќе бидат во можност да се регистрира и да се стави во јавниот сообраќај.

Испрати коментар

Scroll To Top