Деновиве, екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ ја искосија високата трева и го уредуваа просторот помеѓу коловозните ленти на бул. „Св.Наум Охридски“ до населбата Рача, пишува OhridNews.
„Поради конфигурацијата на теренот кој не е нивелиран, косењето било извршено рачно, па поради тоа расчистувањето се одвиваше со побавно темпо“ , информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Оттаму велат дека за расчистување на целиот потег и негово целосно партерно и хортикултурно уредување, потребна е преходна нивелација на теренот.
„Со оглед дека овој патен правец е во надлежност на ЈП „Македонија пат“, ЈП „Охридски Комуналец“ е подготвено доколку претходно се направи нивелација на теренот, на сопствен трошок да постави систем за наводнување и целиот простор да добие нов лик“, велат од самото претпријатие.