Локацијата на куќата Хефнер се наоѓа на село, во близина на една шума во јужниот дел на Германија. Сместена на крајот од слепа улица, нуди прекрасни погледи кон шумата и долината. Проектантите од Hornung and Jacobi Architecture од Хамбург, Германија, ја проектираат отворена кон конфигурацијата на теренот со голем сензибилитет за високото ниво на приватност, што ѝ ја дава природната заштита на животната средина. Малото преуредување на топографијата со дадена висинска разлика од три метри инспирира одредена кореографија со волумените и ориентацијата на објектот.
Станбениот објект е испроектиран за брачен пар со независен простор за гости и е поделен на два дела: една интровертна зона со помали отвори кон околната типологија на соседните објекти и една екстровертна зона која се соочува со шумскиот пејзаж и прекрасни погледи низ долината. Надворешниот простор се толкува како продолжување на отворената станбена површина.
Апстрактниот облик на кровот создава аналогија со околните постоечки типологии на кровови, типична за градбите во Јужна Германија. Трансформацијата кон отворен кубичен дизајн создава максимална големина на можни отвори, како и визуелно спојување со прекрасната природа.