Едно дизајнерско студио од Бруклин, поточно дизајнерката Danielle Trofe го претстави концептот на LED светилка која не користи енергија. Светилките користат кинетичка енергија од песокот што го содржат во себе. Затоа овие светилки уште се нарекуваат и песочни светилки.
Потсетуваат на песочните часовници, но наместо со нив да се мери времето, кинетичката енергија се користи за производство на електрична енергија потребна за работа на светилката. Светилките се со едноставен дизајн, а функционираат идентично како и песочните часовници. Кога еднаш ќе истече песокот, светилката се врти на другата страна и повторно почнува да работи.