Новото спортско здание SportsHub во Сингапур ја освои титулата стадион со најголема купола во светот, која покрива распон од 308 метри.
Проектот на овој прекрасен стадион, кој беше домаќин на првиот натпревар во јуни 2014 година, е потпишан од бироата Arup, AECOMK и DPArchitects. Овој стадион не само што може да прими 55.000 гледачи, туку има цела мрежа на пешачки и велосипедски патеки, инфраструктура која поддржува разни спортови од крикет и рагби, а тука е и базен, воден парк, скејт парк, терен за одбојка, простор за тренирање на кану и кајак, трговски центар и карпа за качување. На кратко, ова е град под купола посветен на спортот.
Што се однесува до подвижната купола, со нејзиниот распон од 308 метри, ова е најголема таква структура во светот. За да се отвори или затвори покривот потребни се цели 48 часа. Куполата, исто така, е едно од најекономските исплатливи решенија направени во светот. За нејзиното создавање било потребно за една третина помалку челик на метар квадратен во споредба со други структури со сличен распон.