Нов железнички тунел под Босфор ќе ги поврзува Европа и Азија по различна маршрута од тунелот „Мармарај“, кој беше пуштен во употреба минатата година.
„Братот на Мармарај“ како што го нарече турскиот весник „Сабах“ новиот тунел, е проект за метро со должина од 28 километри, кој ќе ги поврзува истанбулските населби Инџирли и Соѓутључешме.
Новиот железнички тунел под Босфор треба да биде завршен до 2023 година, кога Турција ќе обележи сто години од основањето.
„Мармарај“ беше „проект на векот“ и свечено беше пуштен во употреба на 90-годишнината од формирањето на Турската Република. Дел од тунелот во должина од 1,4 километри поминува под Босфорот на длабочина од 60 метри под морското дно, со што од европскиот до азискиот дел од градот се патува за четри минути.
Почната е изградбата на тунелот „Евроазија“ – „близнакот на Мармарај“, по кој ќе може да минуваат и автомобили под Босфор.