1. „Фламинго“ е столна ламба од Friday Project, изработена од челик чии линии се едноставни и елегантни. Горниот дел има отвори изработени на ласер кои сценографски ја рефлектираат светлината во просторот.
2. Група студенти од универзитетот Secondaво Наполи ги дизајнирале „ротирачките саксии“. Заедничката оска со која меѓусебно се поврзани саксиите овозможува едноставно движење и разигрување на цвеќињата во просторот. Просторот до секоја саксија и материјалот врз кој може да се пишува остава голем простор за слободна креативност.
3. Најновите креации на DoCSTonE се ламбите наречени “The mister boom” и “little Miss Dynamite”. Двете ламби изгледаат и работат како традиционалните експлозиви. Потисокот на рачката ја
зголемува или намалува светлината.
4. Лустер, масичка и ламба од челик од Bomipark.