Љубителите на фудбалот сигурно уживаа во натпреварите од Светското првенство, но она што веројатно не го забележале е дека вториот стадион по големина во Бразил – Минеирао користи исклучиво соларна енергија која самиот ја произведува.
Имено, овој стадион во Бело Хоризонте кој е отворен уште во 1965 година, неодамна за потребите на првенството е реновиран и опремен со 6.000 фотоволтаици на покривот. Овие панели произведуваат повеќе енергија отколку што е потребно за стадионот, па 10% од електричната енергија се испорачува на 1.200 локални домаќинства.
Овој стадион е прв во Бразил кој се напојува од енергијата од сонцето. Во светот ваков концепт постои и на стадионите во Фрајбург и Берн.