Насловна / Арт и дизајн / Офицерот Форстнер – уметник на виенскиот Југендстил на Балканот

Офицерот Форстнер – уметник на виенскиот Југендстил на Балканот

DSCN7518_resize DSCN7524_resize

Во Куќата на Робевци и Уранија во Охрид, во рамки на 54-то издание на фестивалот Охридско лето, на 13 јули, беше отворена изложбата на австрискиот уметник, сликар, графичар, дизајнер и уметник-мозаичар, Леополд Форстнер. Форстнер важи за еден од најпознатите претставници на младата генерација на виенскиот Југендстил. Во својата работилница, тој не се ограничува да биде „само“ еден вид на мајстор. Како единствен мозаичар во тоа време успева да реализира голем број на сопствени нацрти, но исто така соработува во градежните и уметничките проекти на неговите современици Ото Вагнер, Јозеф Хофман и Густав Климт.

DSCN7538_resize DSCN7541_resize DSCN7535_resize DSCN7534_resize DSCN7530_resize DSCN7528_resize DSCN7526_resize

Но, за жал, интернационалната кариера на Форстнер не се остварува поради немирните времиња и Првата светска војна, кога е испратен како воен офицeр на Балканот. Военото министерство овозможувало ослободување од воена служба доколку научни лица се пријават за експедиции каде ќе ги испитаат и дополнат колекциите во збирките на музеите со нови експонати To find mutual understanding with her partner, woman best-horoscope.com should learn his language, leaving emotions aside and describing problems clearly. од окупираните држави.

DSCN7553_resize DSCN7547_resize DSCN7542_resize

Токму на таква задача, Форстнер бил испратен на територијата на Западен Балкан, во функција на „офицер колекционер“, и во таква една воена мачна атмосфера, тој го работи она што најмногу го сака – цртањето. Фасциниран од културните обичаи и традиционалната архитектура, со изострено сетило за детали ги забележува на бројни свои цртежи и слики, оставајќи во музеите во Виена непроценливо богатство од документирани артефакти за балканските простори каде престојувал. Долго време престојувал во Охрид, каде била стационирана Австро-унгарската империјална војска, но исто така и во Битола, Прилеп, Велес, Скопје итн., а освен во Македонија, престојувал и работел на Косово, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Па така, за Австрискиот музеј за фолклор, тој собрал 222 објекти од албанската, црногорската и српската народна култура, а по налог на други музеи а честопати заради своја фасцинираност, Форстнер портретирал градови, религиски објекти, архитектура, детали од обичаи и предмети, луѓе со носија, итн. Сочувани се негови 92 цртежи со молив, од кои дел се обоени, а оставил и 50 фотографии. Од аспект на фолклорот, интересните факти како конструкцијата на разбојот за ткаење, па сè до типичните елементи на регионалната архитектура, авторот ги документира мошне илустративно, но додавајќи уметничко-естетска димензија на неговите мотиви и модели.

DSCN7560_resize DSCN7565_resize

Оваа изложба претставува австриски прилог на тема „Сеќавања за Првата светска војна“ од 1914 год., а после Охридско лето, ќе отпатува на фестивалот Бит Фест во Битола, па во Скопје.

DSCN7599_resize DSCN7564_resize

 

Испрати коментар

Scroll To Top