Heydar Aliyev Center во Баку, Азербејџан, проект со специфичен печат на Заха Хадид, ја доби наградата „Дизајн на годината 2014“ што ја доделува Design Museum. Оваа пргава структура е првиот архитектонски проект кој успева да ја добие наградата во досегашната седумгодишна традиција на доделување од лондонската институција.
„Ние сме апсолутно возбудени што ја добивме наградата оваа година. Површината на надворешниот плоштад на Heydar Aliyev Center се издигнува и спушта дефинирајќи го редоследот на активностите што јавниот простор ги носи со себе, пречекувајќи, прегрнувајќи и насочувајќи ги посетителите низ објектот. Тоа е архитектонски пејзаж каде концептот на лебдечка просторност е вистински – создавање на сосема нов тип на јавен простор за градот“ – изјави Заха Хадид, првата жена што ја доби оваа престижна награда.
„Ова е убавина, ова е инспирација, ова е јасна визија на едноставна генијалност и впечатливост“ – објаснува претседателот на жирито, Ekow Eshun.
„На одличен архитект му треба одличен клиент, технологија, јавност, пејзаж и вистински момент. Жирито сметаше дека за архитектите на Заха, ова е врвниот момент во нивното портфолио, што е знак на меѓународна зрелост. Меѓу члновите на жирито имаше жестока дискусија за и против, но на крај сите едногласно одлучија дека ова е проектот што заслужува голема почит, дека оваа архитектура треба да ни зборува за годините што доаѓаат“ – додава членот на жирито, Kim Colin.