Насловна / Арт и дизајн / Волшепство од бои и сенки на западниот терминал од меѓународниот аеродром LAX

Волшепство од бои и сенки на западниот терминал од меѓународниот аеродром LAX

ball-nogues-studio-air-garden-designboom-01_resize

Со цел да се произведе еден спокоен момент сред хаотичните активности на меѓународниот аеродром LAX во Лос Анџелес, Ball-Nogues Studio го реализира проектот за „воздушна градина“, просторна инсталација во вид на шаренолик облак кој ја окупира и трансформира светлината од западниот терминал Бредли, во волшепство од бои и сенки.

ball-nogues-studio-air-garden-designboom-03_resize ball-nogues-studio-air-garden-designboom-04_resize
Инсталацијата се состои од тенки метални синџири, кои се прикачени на кровната конструкција за да произведат низа на брановидни форми на лебдечка структура, која манипулира со атмосферата на високиот простор пред луѓето што поминуваат или застануваат да се одморат. Интервенцијата, што ги спротивставува функционалната со експерименталната природа на целиот објект, обезбедува место за пауза и потенцијално размислување.

ball-nogues-studio-air-garden-designboom-07_resize ball-nogues-studio-air-garden-designboom-06_resize

Низите од синџирестите форми се однесуваат на основната организација и архитектонските карактеристики на западниот терминал Бредли. Композицијата со боите ги имитира сенките што ги фрла кровната структура врз инсталацијата. Инсталацијата е просторно осветлена од различни страни, а е визуелно видлива од сите агли, достапна до различните терминални услуги распоредени наоколу.

ball-nogues-studio-air-garden-designboom-02_resize
Дизајнот се однесува на квалитетите на светлината и просторноста, карактеристични за Лос Анџелес. Архитектите од Ball-Nogues Studio ја опишуваат структурата како градот: „Нема посебен почеток или крај, внатре или надвор, назад или напред. Таа е и објект и атмосфера. Нејзината појава не е статична и ја траснформира светлината во секој час од денот“.

Испрати коментар

Scroll To Top