Насловна / Архитектура / Заврши 23. меѓународна Летна архитектонска школа вo Крива Паланка

Заврши 23. меѓународна Летна архитектонска школа вo Крива Паланка

.Joakim Osogovski manastir

Со изложбата на дела во конакот на манастирот Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка беше затворена 23. сесија на меѓународната Летна школа за архитектура.

Темата на годинашната сесија на школата беше „Капела за природата“, а во стариот манастирски конак беа изложени работните материјали на учесниците, 36 студенти по архитектура од универзитети од Америка, Холандија, Германија, Словенија и Македонија.

Со сесијата раководеше доц. д-р Јован Ивановски, а гостин-тутор беше познатиот фински архитект Сами Ринтала, еден од највлијателните архитекти кои работат мала архитектура во пејзаж.

Токму работата на Ринтала беше поттик менторите од Архитектонскиот факултет во Скопје заедно со студентите да направат мала капела, отворен павилјон во манастирскиот амбиент.

– Бидејќи пејзажот околу манастирот е извонреден, инспирирани од работата на туторот во амбиентот околу коплексот создадовме еден прекрасен отворен павилјон во природата, кој ќе остане како трајно сведоштво од оваа школа и учесниицте во неа. Инаку, ова не е наше прво искуство во градење, досега нашите студенти во изминатите изданија на школата покрај проекти и цртежи, оставаа зад себе и архитектонски дела. Таков беше случајот во 2006 година со проф. Хрвоје Њириќ и 2011 со проф. Александар Бродски, – изјави Јован Ивановски.

Меѓународната Летна школа за архитектура се одржува од 1992 година, во организација на Архитектонскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје, со поддршка од Министерството за образование и наука, во соработка со МПЦ и манастирот Св. Јоаким Осоговски и општина Крива Паланка.

Испрати коментар

Scroll To Top