Јапонската компанија „Тошиба“ доби нарачка од бугарската влада да изгради нуклеарен реактор за централата Kозлодуј, објавија вчера јапонските медиуми. Реакторот со моќност од 1.110 до 1.200 мегавати ќе чини околу пет милијарди долари. Реакторот ќе го гради американската компанија „Вестингхаус“, која е сопственост на „Тошиба“. Експлоатацијата на реакторот треба да почне во 2025 година.
Во Kозлудуј во моментот работат два реактори. Четири реактори се затворени по барање на Европската комисија од безбедносни причини при влезот на Бугарија во Европска Унија во 2007 година.