Насловна / Екологија / Штетите од поплавите во БиХ проценети на две милијарди евра

Штетите од поплавите во БиХ проценети на две милијарди евра

Floods in Brcko, Bosnia
Пред одржувањето на донаторската конференција во Брисел на 16 јули завршен е целосниот извештај за размерот на штетите во Босна и Херцеговина.

Поплавите што ја зафатија Босна и Херцеговина во мај, на оваа земја и нанеле вкупна штета нешто поголема од две милијарди евра, објавила делегацијата на Европската Унија во Сараево. Проценката е направена со помош на Светската банка, Обединетите нации и властите во Босна и Херцеговина.

Потврдени се и штетите во Србија на 1,5 милијарди евра. Заради поплавите таму, најмалку 12.000 хектари обработливо земјиште нема да може да се користи цела сезона, што сериозно ќе влијае на бруто домашниот производ на земјата.

Испрати коментар

Scroll To Top