Насловна / Архитектура / Атрактивна катна гаража со шарени панели во топли бои

Атрактивна катна гаража со шарени панели во топли бои

behnisch-architekten-santa-monica-parking-structure-6-designboom-01_resize

Behnisch Architekten заедно со Studio Jantzen со здружени сили работеа на проектот за атрактивна паркинг – структура на градот Санта Моника, како туристичко место во Калифорнија. Програмските барања се во контекст на атрактивноста на местото и нештата кои треба да ги спои, во служба и на локалните жители и на туристите во централното градско подрачје на брегот од областа Лос Анџелес.

behnisch-architekten-santa-monica-parking-structure-6-designboom-05_resize behnisch-architekten-santa-monica-parking-structure-6-designboom-04_resize behnisch-architekten-santa-monica-parking-structure-6-designboom-03_resize

Оваа област претставува еден динамичен микс на разновидни активности, вклучувајќи продавници, пешачки патеки, патеки за велосипедисти и моторциклисти, вегетативни пејзажи и јавни простори за одмор и релаксација. Катната гаража со својот дизајн треба да ја подобри целокупната енергија, преку просторната, динамична и со топли бои, високо перформативна фасада. Тоа е постигнато со шарени метални панели во топли тонови, со триаголен облик, перфорирани во долниот дел, наредени по катови. Тој ритам на панелите е визуелно прекинат со храбар проектантски потег:  отворени надворешни скали за циркулација, визуелно потенцирани со јака црвена боја.

behnisch-architekten-santa-monica-parking-structure-6-designboom-02_resize

Порозната фасада треба да обезбеди доволно дневна светлина во внатрешноста, длабоко во нивоата на паркинг просторот а при тоа да се елиминира директната јака светлина и отсјајот. Секој модул е составен од три триаголни панели, едниот перфориран и бел, другиот во боја и закосен, со цел да ја пренасочи сончевата светлина во вантрешните простори, а третиот со огледални ленти од нерѓосувачки челик поставени од внатрешната страна. Покрај функционалните придобивки, пермеабилната природа на обвивката создава  визуелна транспарентност, прикажувајќи нејасно движење на автомобилите кон оние што гледаат од надвор.

behnisch-architekten-santa-monica-parking-structure-6-designboom-07_resize behnisch-architekten-santa-monica-parking-structure-6-designboom-06_resize behnisch-architekten-santa-monica-parking-structure-6-designboom-08_resize behnisch-architekten-santa-monica-parking-structure-6-designboom-09_resize

Сообраќајната шема директно ги насочува корисниците на просторот кон улицата каде се случуваат позначајните  активности. Скалишните кракови се поделени на повеќе сегменти по висина, движејќи се кон  внатре или надвор од надворешната “кожа”, издадени од зградата за да обезбедат атрактивни погледи кон океанот.

behnisch-architekten-santa-monica-parking-structure-6-designboom-10_resize

Испрати коментар

Scroll To Top