Насловна / Архитектура / Објект со прекрасна глетка кон шумата

Објект со прекрасна глетка кон шумата

02-the-forest-retreat_resize
Во шумски предел во областа Централна Бохемија во Чешка, студиото Uhlik arhitekti создаваат компактен, затворен волумен изведен од дрво поцрнето со специјална техника на спалување, со кое го обложуваат надворешно  просторот со димензии 3,1 m x 5,8 m. Во влезниот дел на објектот се наоѓа рамна платформа со претпростор, и за лицето што стои на ниво на теренот овој дел е отворен со голема стаклена површина и нуди прекрасна глетка кон шумата.

04-the-forest-retreat_resize 06-the-forest-retreat_resize 08-the-forest-retreat_resize 09-the-forest-retreat_resize

Останатиот дел од објектот постепено се зголемува во косина кон друг отвор,  чија косина е добиена со потпирање на другиот крај на објектот на голем тркалезен камен кој е вкопан во теренот како темел. Тој отвор нуди прекрасни птичји перспективи низ крошните на шумските дрвја. А тука е и уникатното место за одмор. Секој скалник може да се користи како место за спиење или одмор. Под нив се наоѓаат фиоки како простор за оставање на работи, со чие повлекување се создава дупли кревет.

07-the-forest-retreat_resize 10-the-forest-retreat_resize

Овој мултифункционален простор не е создаден само како живеалиште, туку и за одредени настани, перформанси или само за медитација. Двата големи стаклени отвори можат да бидат затворени со големи капаци, поголемиот на макара а помалиот со рачка. Основната конструктивна рамка на шумскиот објект ја чинат дрвени елементи изработени од локална столарска работилница. Дрвениот материјал за панелите и конструктивните елементи е искористен од паднати дрвја на сопственичкиот посед. Внатрешноста на објектот е обложена со OBS панели од шперплоча. Покривот на објектот е изведен од двослојни асфалтни појаси. Објектот е завршен за неколку продолжени викенди од есента 2012 до пролетта 2013 година.

13-the-forest-retreat 12-the-forest-retreat 11-the-forest-retreat

Испрати коментар

Scroll To Top