Насловна / Екологија / Сигурна енергетска и климатска иднина – тема на состанокот на Европскиот совет

Сигурна енергетска и климатска иднина – тема на состанокот на Европскиот совет

Gьnther Oettinger, Josй Manuel Barroso and Connie Hedegaard (f
На состанокот на Европскиот совет одржан на 26 и 27 јуни во Брисел, меѓу другото се разговараше за стратешкиот план на Европската Унија насочен на пет главни цели и средства за нивно остварување. Една од темите на стратешката агенда беше „Сигурна енергетска и климатска иднина“. Челниците на Европскиот совет го согледаа напредокот на политичката рамка за клима и енергија до 2030 година и ја нагласија потребата од побрз развој. Оваа политичка рамка е презентирана во јануари 2014 година и има за цел да ги направи поконкурентни, побезбедни и одржливи, економијата и енергетскиот систем на Европската Унија. Европскиот совет ја поддржа енергетската иницијатива на групата Г7, која воведува политика на градење конкурентен, еластичен и разновиден енергетски систем со воведување на безбедни и одржливи технологии.

Испрати коментар

Scroll To Top