Насловна / Вести / Започна реконструкцијата на паркот во Капиштец

Започна реконструкцијата на паркот во Капиштец

opstina centar zelenilo_3

Општина Центар ја започна реконструкцијата на паркот во Капиштец, меѓу улиците „Народен Фронт“ и „Васил Ѓоргов“.
Паркот опфаќа површина од 20.000 м2.
Граѓаните на овој дел од Капиштец се задоволни поради реконструкцијата и она што го побараа од градоначалникот Андреј Жерновски е да не се сечат дрвјата.
Жерновски им појасни дека не само што нема да се уништува зеленило, туку ќе има и дополнителни, нови, зелени површини.
Ќе се посадат 16 нови високи дрвја и на целата површина ќе се постават декоративни зимзелени садници со колоритни бои. Системот на полевање ќе биде автоматски, од бунар.

opstina centar zelenilo_1
Тенденција е на општина Центар за полевање на општинското зеленилото да не се користи питка вода, туку техничка вода, од бунар.
Сите клупи во околината ќе бидат заменети со нови, ќе бидат поставени нови канти за отпадоци, две чешмички за пиење вода и две подни фонтани за разладување.
Жителите од овој дел се жалеа на темните и неосветлени делови на Капиштец, кои беа потенцијална безбедносна опасност, и затоа општина Центар на овој дел ќе постави три вида на осветлување: високо, подно и амбиентално (осветлување сместено во зеленилото).
Општина Центар се грижи и за децата, па затоа двете детски игралишта кои се наоѓаат на овој потег, од улиците „Народен Фронт“ и „Васил Ѓоргов“, комплетно ќе се реконструираат и ќе бидат доопремени со нови, дрвени реквизити и безбеден гумен под.
Нов изглед ќе добие и резидентниот кошаркарски терен, каде што жителите ќе можат да се рекреираат на нов кошаркарски под.
Старите метални огради во околината ќе бидат заменети со огради од ламелирано дрво.opstina centar zelenilo_2

Испрати коментар

Scroll To Top