Овој модерен дизајн не само што е убаво место за одмор на вашите миленичиња, туку и моќен впечатлив акцент во ентериерот. Рускиот дизајнер Мојорно креираше ваков пример на модерна архитектура за мачки, нарекувајќи го Catissa. Овие стилски куќарки за мачки се монтираат на ѕид, препорачливо на аголот од два ѕида, близу до таванот. Обесените куќарки се засолниште на мачките за одмор. Во секој модул е поставено меко перниче направено од овча кожа, кое лесно може да се извади и да се испере, што придонесува за практичноста на дизајнот.