Општина Штип е во тек на реализација на инфраструктура во „Баби-6“. Станува збор за пат со кој ќе се продолжи улицата „11. Конгрес“ во населбата Баби, која треба да продолжи со крак и да се спои со централната улица „Лески“.
На оваа локација, Општина Штип има продадено неколку парцели за индивидуални куќи а новите сопственици немаа услови за градба. Од тие причини, градоначалникот и општината се со став дека мора да се обезбедат услови за новите сопственици, заради што се преземени конкретни чекори за изградба на овој дел од улицата. Во тек е тампонирање по што ќе следи асфалтирање, па условите за конструкција на куќите, од кои некои се на почеток на градба, ќе бидат значително подобрени.
Комплетен инвеститор во проектот е Општина Штип, а според информациите, изградбата на овој крак од улицата ќе чини околу 70.000 евра. Инаку на 15 јули ќе се спроведе новата постапка за продажба на локации за индивидуални куќи од кои дел се и на улицата која се прави.