Тофу одамна е промовирано како добар начин за чистење на телото, но сега научниците на Универзитетот во Ливерпул откриле дека ова, исто така, може да послужи за чистење на соларните ќелии. Тие веруваат дека природната супстанца на тофу може да ја замени клучната состојка во тенките соларни ќелии, која е многу токсична и скапа за производство.
Конвенционалното производство на тенките соларни ќелии бараат софистицирани безбедносни мерки за заштита на работниците од ризиците од кадмиум хлорид, клучната состојка во оваа технологија. Покрај тоа, еднаш кога соларните ќелии ќе стигнат до крајот на својот век на употреба, потребно е специјално складирање на ова високо токсично растворливо соединение. Секако, и покрај овие недостатоци, неговите благодети ја подобруваат ефикасноста на соларните ќелии.
Меѓутоа, д-р Џон Мејџор, физичар кој работи во Институтот Stefeneson за обновлива енергија на Универзитетот во Ливерпул, вели дека кадмиум хлорид може да се замени со магнезиум хлорид, соединение кое може да биде изолирано од морската вода, а кое веќе има широк спектар на примена – за одмрзнување на патишта, како ѓубриво, како минерален додаток за животни, во гасење пожари, но и како коагулант во подготовката на тофу од соино млеко. Исто така, магнезиум хлорид е многу побезбеден и поевтин.