Општина Центар започна со геотехничките истражувања кои треба да ја испитаат стабилноста на земјиштето за да може да се изградат новите два неопходни потпорни ѕидови.
По последните поројни дождови се урна потпорниот ѕид кај градинката Кочо Рацин, жителите на улицата „Христо Чернопеев“ на Водно се жалат дека земјиштето се рони, а фекалии истекуваат и влегуваат во дворовите.
Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, веднаш по невремето и по паѓањето на ѕидот излезе на терен и вети дека ќе се направат геотехнички истражувања и дека урбаната мафија нема да може да дивее на Водно.
Во моментов се копа петметарска длабока дупка која ќе покаже каква е фактичката состојба со земјиштето. По оваа постапка, општина Центар ќе пристапи кон изградба на новите потпорни ѕидови.