Kорупцијата е сериозна пречка за развој на одржлив енергетски систем во Југоисточна Европа, особено во земјите како што се Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора, стои во анализата на новиот извештај на студијата „Победници и губитници: Кој има корист од високата корупција во енергетскиот сектор на Југоисточна Европа?“, која деновиве беше промовирана во Брисел. Меѓу повеќето случаи на корупција во овој сектор во регионот, во студијата е елабориран и случајот со бившиот премиер на Хрватска, Иво Санадер, кој беше обвинет за примање мито од десет милиони евра од унгарската компанија МОЛ.
Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Корупцијата во енергетиката сериозен проблем во ЈИ Европа