Насловна / Арт и дизајн / Облак како светлечко тело

Облак како светлечко тело

oblak1

Ричард Кларксон, како и други дизајнери, сака да експериментира со бои, материјали и текстури. Лустерот во форма на молња од облак е еден од најинтересните примери на неговите експерименти.
Облаците инспирирале многу уметници и дизајнери. Пред неколку години, холандскиот уметник Berndnaut Smilde смислил начин да се создаде облик на облак во затворен простор, кој благодарение на одредени технички својства во можност е да „преживее“ неколку моменти.oblak2
Облакот на Ричард Кларксон е дизајниран поинаку. Одговарајќи на промените во просторот создава чувство на молња и ефект на бура преку звук и светлина. Облакот е опремен со сензори за движење, микрофони и звучник. Светлечкото тело се контролира со помош на далечински управувач кој му овозможува на корисникот опција на различни поставки. Можеби не е сигурна функционалноста на облак како извор на светлина, но на дизајнерот мора да му се признае оригиналноста. Од естетска гледна точка ова е интересно парче на „мебел“ и може да се купи по цена од 3.500 долари.

Еден коментар

  1. Браво! Ептен креативно! Јас сум за!

Испрати коментар

Scroll To Top