Насловна / Арт и дизајн / Објавен официјалниот плакат на 71-то издание на Филмскиот фестивал во Венеција

Објавен официјалниот плакат на 71-то издание на Филмскиот фестивал во Венеција

venecijaposter1

Овогодишниот официјален постер за оваа година на 71. Венециски филмски фестивал, посветен на легендарниот режисер Франсоа Трифо, ја покажува последната сцена на филмот „400 ударци“, (Les quatre cents coups) од 1959 година. На официјалниот постер на овогодишниот фестивал, повторно работел италијанскиот уметник Симоне Маси. Инаку, филмот е добитник на бројни награди и номинации, вклучувајќи ја наградата на Канскиот филмски фестивал во 1959 година за најдобра режија, а бил номиниран и за Оскар за најдобро оригинално сценарио, и стана дел од филмската литература во многу филмски училишта.
На крајот на следниот месец, од 27 август до 6 септември, ќе се одржи 71-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција. Веќе е познато дека за прв пат во историјата на фестивалот, претседател на жирито за главната натпреварувачка програма е именуван францускиот композитор Александар Деспла.

Испрати коментар

Scroll To Top