Насловна / Вести / Стружани и придобивките од обновливите извори на енергија

Стружани и придобивките од обновливите извори на енергија

59739963

Во рамки на проектот „Зголемување на енергетската ефикасност и употребата на обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион“, утре во Струга, од 11 до 15 часот, на специјално поставен штанд пред хотелот „Београд“, во старата чаршија, граѓаните ќе можат да се информираат за придобивките од користењето на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност, преку бесплатни инженерски совети и промотивни материјали, информира OhridNews.
Oтворениот ден е прв од низата кои ќе се одвиваат во текот на месец јули во рамките на проектот. По отворениот ден во Струга ќе следат уште два во Дебар и Охрид. Настаните се дел од втората активност на проектот со цел промоција на енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори во Југозападниот плански регион на Македонија.
Настанот е во организација на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ и Центарот за развој на југозападниот плански регион, а е поддржан од Општина Струга.
Проектот е финансиран од Европската Унија како дел од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија. Водечки партнер на проектот е „Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ“ во партнерство со „Центарот за развој на Југозападниот плански регион“ од Република Македонија и „Албанија-ЕУ Центар за енергетска ефикасност“ и Регионалниот совет на Корча од Република Албанија.

Испрати коментар

Scroll To Top