Во 2003 година, во Вараждин, Хрватска, како што расте фамилијата, клиентот ја купува соседната куќа реконструирајќи ја и додавајќи на постоечката од 2006 год. Една година потоа, од аритектонското студио Два архитекта од Загреб, се бара уште еден интересен проектантски чекор, посебна дневна единица во форма на градина павилјон, за најстарото дете. Анексот во градината треба да биде одвоен од главната куќа, но сепак да обезбеди добра врска.
Дури и по првата реконструкција, темата на односите артифициелно-природно се од суштинско значење, покажувајќи како функцијата и пристапот зависат од намената на просторот, времето на поставување и позицијата на самиот објект. Позицијата на павилјонот овозможува приказ на глетка како на кино-екран, каде доминира зелената, природната, што овозможува потребна интимност. Павилјонот е висок два ката, секој со различни функции. Горниот кат е посветол и е место за работа и релаксација, додека во долниот, каде конструкцијата ја нагласува естетиката, е сместена салата со справи за вежбање.
Основната конструкција на павилјонот е направена од челични профили и плоча, користејќи трапезодина површина како перманентна рамка. Фасадата и кровот се изведени од композитни панели, завршени во алуминиумска рамка. Во внатрешната мрежа на панелите, од задната страна на павилјонот се позиционирани метални отвори, кои се отвораат по осовина заради вентилација.