Претставници од сите земји низ кои гасоводот Јужен тек треба да помине, и покрај споровите од страна на ЕУ, ја поддржаа неговата изградба, порачувајќи дека е од економски и животен интерес за тие земји тој гасовод да се изгради.
Поддршка на Јужен тек минатата недела му дадоа Унгарија, Бугарија, Србија и Италија, а претходно јасна посветеност на спроведувањето на гасоводот, кој треба да обезбеди децениска безбедност на снабдувањето со гас во Југоисточна Европа, изразија и Австрија и Словенија. Официјалниот почеток на изградбата на гасоводот Јужен тек, кој треба да започне да ги испорачува првите количини на гас кон крајот на 2015 година, започна на 7 декември 2012 година во рускиот град Анапа на брегот на Црното Море.