Насловна / Вести / Бугарската „Tреjс група“ ја презеде делницата од „Алпине“ кај Димитровград

Бугарската „Tреjс група“ ја презеде делницата од „Алпине“ кај Димитровград

koridor-10 obikolnica kaj Dimitrovgrad
Бугарската „Tреjс група“ (Trace Group Hold plc) ќе продолжи да ја гради обиколницата околу Димитровград на Коридорот 10, наместо австриската „Алпине“ која банкротираше, пренесува Танјуг, повикувајќи се на извори во „Коридори Србије“.

Договорот за продолжување на изградбата на обиколницата двете фирми го потпишаа кон крајот на јуни. Рокот за изведување на работите е 450 денови, а вредноста на договорените работи е 2,26 милијарди денари.

На делницата, обиколница околу Димитровград до граница со Бугарија, останаа работи на изградба на автопат во должина од 5,8 километри во полн профил, седум мостови во должина од 20 до 500 метри, со распон од 30 до 35 метри, исто така во полн профил.

На таа делница беше ангажирана австриската компанија „Aлпине Бау Гмбх“ коjа банкротираше пред една година.

Kомпаниjата „Trace Group Hold plc“ е избрана како најповолен понудувач меѓу шест понуди на заинтересираните понудувачи кои учествуваа на отворениот меѓународен тендер.

Испрати коментар

Scroll To Top