Насловна / Вести / Растат цените на недвижностите во Лондон

Растат цените на недвижностите во Лондон

London zgradi
Цените на недвижностите во Лондон пораснаа за 26 насто за една година, што е најголем раст од 1987 година. Овој раст е поттикнат од економското јакнење, екстремно ниските каматни стапки и приливот на странски капитал, се наведува во студијата на кредитната институција Нејшнвајд. Ако продолжи растот на цените на недвижнините, на инаку прескапиот пазар, тоа според оценка на авторот на оваа студија може да го забрза влошувањето на монетарната политика и ќе ја принуди британската централна банка на зголемување на референтната каматна стапка. Според истото истражување, просечната цена на стан во Лондон достигна рекорден износ од 400.000 фунти т.е. 503.000 евра. На тој начин, цените во Лондон се два пати повисоки од останатиот дел во земјата и околу 30 отсто во однос на највисоките цени од периодот пред економската криза.

Испрати коментар

Scroll To Top