Џамијата во приградската истанбулска област Бујукчекмеџе, го освои првото место во конкуренција на World Architecture Fest натпреварот за верски објекти. За разлика од многу други џамии во светот, архитектот Емре Аролат и неговиот тим, понудуваат необично решение за џамија како верски објект, дистанцирани од шематизмот а фокусирани само на суштината на верскиот простор.
Високите ѕидови околу паркот на горниот дел од дворот на џамијата, отсликуваат јасна граница меѓу хаотичниот наворешен свет и тивката атмосфера на јавниот парк каде се наоѓа џамијата. Самата локација е изолирана од населбата во пејзаж кој е одвоен со ред крошни а има пристап од автопат. Објектот се вклопува совршено во топографијата на теренот, како да го остава надворешниот свет зад себе, движејќи се низ пејзажот, по ридот па помеѓу ѕидовите до влезот на џамијата.
Таа е изградена седум метри под земја и е првата џамија во светот изградена под површината на земјата, а инспирирана од пештерата Хира каде пророкот Мухамед ја добил Божјата порака. Внатрешноста на џамијата, исценира едноставен пештерски простор кој станува драматичен и со инспиративна стравопочит кај верниците што се молат. Засеците од горната страна на „Кибла“ ѕидот, ја подобруваат фиксираноста на молитвениот простор и дозволуваат светлината мистериозно да продрира во салата за молитва. Џамијата е осветлена со оловни ленти и лантерни, а нејзината површина од 1200 м2 може да прими 650 верници.
Проектот постојано си игра со тензијата меѓу природното и артифициелното. Контрастот помеѓу камените скали кои го пратат природниот наклон на пејзажот и тенката армирано-бетонска плоча која опфаќа шестметарски простор дополнително им помага во зацврстување на оваа двојна врска.