Насловна / Вести / Високо признание за Музејот на вода во Охрид

Високо признание за Музејот на вода во Охрид

sertifikat muzej na voda_2

Музејот на вода во Градиште е добитник на највисокиот сертификат за успешност што го доделува светски познатиот веб-портал „Трипадвајзор“, еден од најголемите и најпосетувани туристички веб-портали, воедено и организација која ги обединува најпознатите светски туристички брендови, со повеќе од 32 милиони активни членови и повеќе од 100 милиони прегледи, мислења и критики поврзани со посетата на културно-историските споменици, хотели, ресторани и други атракции низ светот.
„Оваа година, Музејот на вода во Охрид, кој е под надлежност на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, ја доби потврдата за успешност што се издава врз основа на позитивните мислења од туристите што, всушност, се најрелевантен показател за оправданоста на вложувањето во вакви туристички атракции збогатени со културно-историски содржини од нашето минато“, информираат од Министерството за култура.sertifikat muzej na voda_1
Музејот на вода, кој е единствен од ваков вид на Балканот, претставува реконструкција на живеалиште од железното и бронзеното време. Комплексот содржи комплетно уредени 24 праисториски куќички, две обновени плажи, театарски простор со сцена за изведба на камерни претстави, 11 нови бунгалови на парковно уредените простори и пристаниште.
Во текот на изминатите шест години реконструираната наколна населба на Музејот на вода стана културна и туристичка дестинација посетувана од илјадници домашни и странски туристи. Од отворањето во 2008 година, Музејот на вода во Охрид го посетиле повеќе од 200.000 посетители од многу земји во светот.sertifikat muzej na voda_3

Испрати коментар

Scroll To Top