Француското студио zim & zou се одговорни за мајсторски украсениот излог на модната куќа Хермес во нивниот бутик во Барселона. Тешко е човек да не застане пред излогот на улица Paseo de Gracia, од кој ве мами одлично рачно изработена инсталација од хартија и кожа. Централната фигура на инсталацијата е мала лисица направена од кожни ливчиња и опкружена со хартиени предмети од својот имагинарен дом. Хартиена маса, ретро телефон, комода, слики на ѕидовите, ламби и столици во карактеристичниот портокалов тон на брендот „Хермес“. Модните додатоци како што се свилени марами, вратоврски, колани и чевли се дискретно интегрирани во просторот.