Бродските контејнери навистина може да се искористат паметно. Поради бенефитите што ги нудат, пократко време за изведба и уникатна атмосфера со своите геометриски форми, но и цврстината на челичната конструкција, рециклираните контејнери стануваат врвна инспирација и избор како материјал за новиот дизајн на архитектот Kriangkai Wangwong за проектот за хотел наречен Sleepbox hotel, кој се наоѓа на патот Rattanakosin во Chiang Mai. Овој хотел нуди сместување во различен тип на соби со сите придружни капацитети.
Четиринаесет контејнери биле испорачани од Chonburi, осум од нив се со димензии 2,50 x 6,00 x 2,50 метри, додека останатите шест се со димензии 2,50 x 12,00 x 2,70 метри. Колективно, контејнерите се инсталирани и се претворени во двокатна градежна маса. Поголемите контејнери се ставени на врвот од помалите, оставајќи да висат со останата должина во надворешна проекција. Просторот оставен меѓу контејнерите претставува отворен, но покриен ходник кој ги поврзува собите и овозможува циркулација меѓу 21 соба во хотелот. Надворешно контејнерите се обоени со црвена и бела боја, додека внатрешните ѕидови се обложени со 5 см полиуретан за изолација, а за осветлување се користени LED светилки, за поефикасно зачувување на енергијата.
Други интересни елементи употребени во објектот се природни материјали – старо дрво и бамбус, како и специјален лустер изработен од рециклирани стаклени шишиња, поставен во рецепцијата. Како што постојано расте интересот за туризмот во Chiang Mai, вакви досетливи хотели како Sleepbox се полн погодок за зачинување на креативноста при патувањето.