Во градинката „Срничка“, објект „Црвенкапа“, неодамна се инсталираше 150-литарски соларен систем во рамки на проектот „Градина на добрина и љубезност– услов за одржлива енергетска заштеда“, информираат од општина Аеродром.
Соларниот систем ќе го апсорбира директното и дифузното сончево зрачење, како во сончевите така и во облачните денови.
Со помош на сончевиот систем ќе се користат обновливите извори на енергија, ќе се намали потрошувачката на електрична енергија, а најважно од сѐ е што ќе се зачува природата.