На почетокот на јуни, „Прада“ отвори уште една продавница во Шангај, дури петта по ред. Се наоѓа во трговскиот центар L’Avenue и овој простор се протега на 100 квадратни метри, кој е дизајниран од страна на италијанскиот архитект Roberto Baciocchi. Низ целата продавница се протега мотивот на кристална завеса која го опфаќа предниот дел од дуќанот, давајќи му футуристички тон. Приземјето се однесува на женската облека, а кат подолу е сместен машкиот оддел.
Овие два одддела се поврзани со елегантни мермерни скали. Галеријата е декорирана во еден препознатлив стил на „Прада“: црно-бел мермер на подот и минималистички челични полици со стакло ги чуваат ексклузивните модни додатоци како чанти, шалови, ракавици и капи. Просторијата со чевли e опремена со луксузни Verner Panton софи, преслечени со зелено кадифе кои се специјално дизајнирани за „Прада“.