Насловна / Вести / Сообраќајот во Охрид од денеска според летниот режим

Сообраќајот во Охрид од денеска според летниот режим

soobrakaj vo ohrid

Охрид од денеска се одвива според летниот режим, со ограничувања и целосни забрани за движење на моторни возила на одредени улици и делови во централното градско подрачје.
Согласно одлуката на Советот на општината, за сообраќај до 31 август целосно ќе биде затворена улицата „Кеј Маршал Тито“ од пресекот со кружниот тек на плоштадот до пресекот со улицата „Ванчо Николески“, како и „Ванчо Николески“ од пресекот со улица „Партизанска“ до улица „Кеј Маршал Тито“ и пешачката патека од Центарот за обука на вода до Горица.
На неколку други улици во централнот градско подрачје сообраќајот ќе се одвива со ограничувања, односно со забрана за движење во вечерните часови, во периодот од 20 до 5 часот наутро.
Во стариот дел од градот движењето на возила ќе биде дозволено само за жителите на Стар Град кои ќе добијат специјални налепници за движење на возила кои ќе се издаваат во Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при Општина Охрид.
Од денеска стартува и временското ограничување на пловидбата на скутери и чамци по Охридското Езеро. Скутерите на вода нема да смеат да пловат по езерото во текот на целиот летен период од 11 до 19 часот, додека за чамците оганичувањето важи до 31 август во периодот од 21 до 5 часот секој ден.

Испрати коментар

Scroll To Top