Насловна / Архитектура / Еден поинаков концепт на културен центар во Турција

Еден поинаков концепт на културен центар во Турција

537403bec07a801025000013_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_22
Проектот за Културниот центар и Салата за свадби во Ејуп, Турција, е направен преку соработка со јавна институција и архитектонското студио на Емре Еролат архитектите,  во релациски однос: клиент-архитект. За разлика од општествените згради добиени преку конкурси, клиентот во оваа релациска врска е задолжен подеднакво одговорно како и архитектот. Така, може да се каже дека објектот припаѓа на двете страни. Објектот е лоциран на северозападниот брег на Златниот Рог.

Периодот на индустријализацијата, особено по 1950 година, се рефлектираше на урбаната текстура сочинета од неформални населби, изградени од страна на луѓето што се преселиле во Истанбул за да работат во околните фабрики. Оваа урбана текстура се уште се одржува и денес, иако трпи извесни формални трансформации. Објектот се смета за еден вид на структурална пејзажна компонента која ги комбинира разликите во нивоата помеѓу пешачкиот дел и морето, преку пешачка рампа.

Програмските содржини на објектот како салата за свадби, конференциската сала, ресторанот и театарот се лоцирани во просторот помеѓу теренот и пешачката рампа и се изложени кон надворешноста колку што е можно потранспарентно. Тоа им овозможува на луѓето од соседството да слезат до морскиот брег, со користење на оваа структура-рампа, а притоа да имаат визуелен контакт со сите случувања во внатрешноста на центарот. Во таа смисла овој објект може да биде издвоен како сосем поразлична концепција од останатите културни центри во Турција. Културните центри иако ги има многу на број, имаат потешкотии во воспоставување врска со луѓето од улица и создавање на каква било атрактивност.

Повеќето од овие објекти нудат интровертни начини, додека некои понови покажуваат добра волја за надминување на овие проблеми и привлекување на внимание. Идејата на рампата што поврзува две различни нивоа и принципот на транспарентност се главни мотивациски сили во формирањето на објектот. Пропустливоста создадена од транспарентноста на материјалите им овозможува на луѓето да креираат визуелни поврзувања и релации во обостран правец со контекстот без разлика дали се надвор или внатре  во објектот.
537403c0c07a801d9a00002c_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_23
537403d5c07a806f5b00001a_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_25
537403d9c07a801025000014_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_24
537403ecc07a801d9a00002d_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_27
537403f7c07a801025000015_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_29
537404acc07a806f5b000021_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_plan_1-floor
537404bec07a801d9a000032_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_plan_groundfloor
5374038ac07a806f5b000018_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_19
5374040ec07a801d9a00002e_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_32
5374041cc07a806f5b00001c_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_33
5374045ec07a801d9a000031_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_42 53740310c07a801d9a000026_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_04 53740340c07a801d9a000028_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_11 53740342c07a806f5b000015_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_12 53740358c07a806f5b000016_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_14 53740370c07a806f5b000017_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_15 53740371c07a801025000012_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_17 53740388c07a801d9a00002a_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_18 53740400c07a806f5b00001b_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_30 53740424c07a801d9a00002f_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_34 53740430c07a801025000016_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_35 53740439c07a806f5b00001d_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_36 53740444c07a801d9a000030_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_39 53740452c07a806f5b00001e_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_41 53740467c07a806f5b00001f_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_portada 53740495c07a806f5b000020_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_detail_-1- 53740504c07a801d9a000033_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_siteplan_close 53740506c07a806f5b000022_ey-p-cultural-center-and-marr-age-hall-emre-arolat-architects_section

Испрати коментар

Scroll To Top