Насловна / Вести / Сепак банкрот: Крај за најголемата надеж на европската индустрија

Сепак банкрот: Крај за најголемата надеж на европската индустрија

Компанијата за производство на батерии за електрични возила Нортволт поднесе барање за банкрот во Шведска.

Шведската фирма во соопштението наведе дека не е во состојба да ги „обезбеди потребните финансиски услови за да продолжи во својот сегашен облик “ во скандинавската земја.

Нортволт вработува 5.000 работници кои сега се соочуваат со неизвесна иднина, а компанијата соопшти дека тесно ќе соработува со властите и синдикатите за да обезбеди поддршка и информации за вработените, пренесува Гардијан.

Барањето за банкрот во Шведска следеше по повеќемесечната криза.

Нортволт претходно поднесе барање за заштита од стечајот во САД, по што извршниот директор Питер Карлсон ја напушти компанијата.

Фирмата е основана во 2016 година и долго време се сметаше за голема надеж на Европа во индустријата за батерии за електрични возила, при што многумина очекуваа дека фирмата ќе биде алтернатива на азиските производители.

Нортволт изгради фабрика на север на Шведска и се надеваше дека таму ќе користи зелена енергија за да произведува стотици илјади EV батерии секоја година, но имаше потешкотии со стартување на фабриката и со финансии.

Компанијата додаде дека се соочила со „значајни внатрешни предизвици“ во тек на зголемување на производството на батерии во „многу сложена индустрија“.

Испрати коментар

Scroll To Top