Астронаутите кои на Меѓународната вселенска станица (ISS) стигнаа со леталото Boeing Starliner и останаа во орбитата многу подолго од планираното поради технички проблеми, конечно ќе се вратат на Земјата на 16-ти март.
Станува збор за двајца астронаути, кои требало да извршат кратка мисија на ISS, но останаа таму 10 месеци. Boeing Starliner е лансиран на 05.06.2024 година во склоп на мисијата Crew Flight Test, со цел да ги транспортира астронаутите на десетдневна мисија. Но, поради технички проблеми, повеќе месеци се калкулираше со тоа кога и со какво летало ќе се вратат астронаутите. Конечно и официјално е потврдено дека оваа агонија завршува и тие се враќаат дома на 16-ти март.