Насловна / Вести / Само седум земји ги исполнуваат стандардите за квалитет на воздухот

Само седум земји ги исполнуваат стандардите за квалитет на воздухот

Само седум земји минатата година ги исполниле стандардите за квалитет на воздухот на Светската здравствена организација (WHO), покажуваат објавените податоци, додека истражувачите предупредуваат дека војната против смогот само ќе се отежни откако САД ќе ги запрат своите напори во оваа глобална борба.

Чад и Бангладеш биле најзагадените земји во светот во 2024 година, со просечно ниво на смог речиси 15 пати поголемо од насоките на WHO, според податоците собрани од страна на швајцарската компанија за следење на квалитетот на воздухот IQAir. Само Австралија, Нов Зеланд, Бахами, Барбадос, Гренада, Естонија и Исланд ги исполниле стандардите за квалитет на воздухот, објавиле од IQAir. Истовремено се истакнува дека има голем недостаток на податоци, посебно за Азија и Африка, што ја замаглува глобалната слика, а многу земји во развој се потпираат на сензори за квалитетот на воздухот на зградите на дипломатските претставништва на САД. Но, неодамна оваа програма е завршена, повикувајќи се на неопходност од буџетски заштеди. По Чад и Бангладеш, на листата на најзагадени земји следуваат Пакистан, Демократска Република Конго и Индија. Токму во Индија се наоѓаат 12 од 20-те најзагадени градови на светот.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top