Насловна / Вести / Кое цвеќе да се подари за 8. Март?

Кое цвеќе да се подари за 8. Март?

Утре е 8 Март, Денот на жената, па затоа цвеќињата се купуваат не само за мајките и партнерките, туку за сите сакани жени. Кој цвет е најсоодветен?

Цвеќето на прво место, можем да се класифицира според бојата и на тој начин да ја истакне неговата симболика. Без оглед на видот на цветот, виолетовата боја ја симболизира нежноста, сината ја претставува верноста, имагинацијата и мечтаењето, а портокаловата гордост и енергијата на животот. Белата е симбол на невиност и чесност, црвената на љубовта, огнот, животот и убавината, зелената на разбирањето и сочувството, а жолтата на љубомората и радоста. Секако, за секој вид поединечно, во комбинација со бојата, неговата симболика е подетално одредена, бидејќи секој вид на цвет има своја симболика.

РОЗИ

Розите се цвеќињата кои најчесто се подаруваат, а во зависност од бојата имаат широк опсег на применливост во многу прилики и животни ситуации. Ако се црвени, симболизираат страст и љубов, иако поретко можат да значат и благодарност и задоволство. Белата боја означува искреност и невиност. Жолтите рози, од една страна, се симбол на веселба, а од друга, благодарение на вкоренетите традиционалните верувања, неверството и љубомората. Портокаловите се симбол на копнеж и маѓепсаност, додека виолетовите се симбол на љубов на прв поглед. Темно виолетовите рози делуваат ексцентрично и се знак на желбата за уникатност и посебност, додека сините рози поради вештачкиот начин на добивање на нивната боја се симбол на невозможното.

ОРХИДЕЈА

Орхидејата ја симболизира желбата за успех и посебност. Овој нежен цвет, во согласност со својот изглед, може да симболизира и љубов, рафинирана убавина, романтика, еротика и желба за интимност. Орхидеи често се подаруваат на болни и трудници во болница, за да се посака брзо закрепнување. Исто така, можете да ги подарите на некој на кој му посакувате успех во кариерата. Истражувањата тврат дека има од 25.000 до 30.000 видови орхидеи.

НАРЦИС

Нарцис може да укаже на самољубие и како што самото име вели нарцисоидност, но може да биде и симбол на раѓање, повторно будење, нов почеток, бидејќи овој цвет никнува меѓу првите.

ЗУМБУЛ

Зумбулите симболизираат верност и непоколебливост, иако може да симболизираат и игра. Доколку се сини симболизираат константнтност, т.е. континуитет.

ЛИЛЈАН

Лилјанот претставува симбол на бесконечна убавина, среќа, чистота, девственост, бесмртност и спасување. Често се користи на венчавки, затоа што по библиска традиција го симболизира изборот на саканиот. Бел лилјан се врзува за невиност и чистота, жолт за невистини и измами,  виолетов да ја врати среќата.

МИМОЗА

Мимоза е знак на сигурност, односно доверба, а исто така е претставена и во масонските карактеристики. Мимоза со цвеќиња во златна боја го симболизира луксузот и моќта. Таа е исто така симбол на учтивост.

ЛАЛЕ

Лаињата се симбол на гордоста и славата. Црвеното лале се врзува за љубов, а жолтото за безнадежна љубов. Розови лалалиња означуваат грижа, виолетови кралско достоинство, а бели простување.

ИРИС

Ирис е често симбол на достоинство, инспирација, слава и храброст. Син ирис, поттикнува сонување и имагинација, лесен живот и среќа. Жолт ирис означува страст.

СОНЧОГЛЕД

Сончогледот симболизира сила, гордост, заедништвот, восхит и обожување. Исто така, може да значи ароганција. Ако го подарите на саканата особа, ја означува вашата подготвеност да ја гледате како центар на светот.

КАРАНФИЛ

Црвените каранфили особено, симболизираат длабока љубов и страст кон некого, почитување и восхит. Каранфилите може да се подарат и како израз на почит и восхит кон некого, особено во контекст на почитување на постари лица или авторитети.

ЦИКЛАМА

Циклама е цвет на искреност и се придава моќта да се помирите со личноста на која ќе и ја подарите. Исто така, може да значи и воздржаност и срамежливост.

КОКИЧЕ

Кокиче е симбол на надеж, утеха, развој, просперитет. Се подарува кога сакате некому да порачате да не губи надеж.

Испрати коментар

Scroll To Top