Кинескиот архитект Liu Jiakun е добитник на наградата Прицкер за 2025 година, престижната награда која меѓународно се смета за најголема чест во архитектурата.
Жирито го пофали архитектот од Chengdu за „замислувањето и конструирањето на нови светови, ослободени од какви било естетски или стилски ограничувања“ и „различно проценување на специфичните карактеристики и барања на секој проект“.
Liu е основач на бирото Jiakun Architects, основано во 1999 година и 54. лауреат на Прицкеровата награда за архитектура. Роден е во Chengdu, Кина каде живее и работи.
„Архитектурата треба да открие нешто – треба да апстрахира, дестилира и да ги направи видливи инхерентните квалитети на локалното население“, вели Liu Jiakun и додава: „Има моќ да го обликува човечкото однесување и да создава атмосфера, нудејќи чувство на спокој и поезија, предизвикувајќи сочувство и милост и негувајќи чувство на заеднштво на заедница“.
Во текот на својата четиридецениска кариера, Liu завршил над триесет проекти во Кина, вклучувајќи градски области, деловни згради, академски и културни институции и урбанистичко планирање.
West Village, Chengdu, Кина
Меѓу неговите значајни дела се Комуникацискиот центар за високотехнолошка зона Tianfu Software Park во Chengdu, Кина (2010), Songyang Culture Neighborhood, Lishui, Кина (2020), Lodging Center of China International Practice Exhibition of Architecture, Nanjing, Кина (2012), Музеј на Часовници, Jianchuan Museum Cluster, Chengdu, Кина и Оддел за дизајн во новиот кампус, Sichuan Fine Arts Institute in Chongqing, Кина (2006).
Songyang Culture Neighborhood in Lishui, Кина
Според најавата за наградата Прицкер, Liu пружа инспиративна архитектура која ги почитува животите на обичните луѓе, спојувајќи навидум контрадикторни идеи, како што се утопијата наспроти секојдневниот живот, историја наспроти модерноста и колективизмот наспроти индивидуалноста. Со балансирање на културните, историските, емоционалните и социјалните аспекти, тој ја одржува трансцендентната сила на изградената средина и ја користи архитектурата за да создаде заедница, да предизвика сочувство и да го издигне човечкиот дух.
The Renovation of Tianbao Cave District of Erlang Town, Luzhou, Кина
„Преку извонредна работа со длабока кохерентност и постојан квалитет, Liu Jiakun замислува и конструира нови светови, ослободени од какви било естетски или стилски ограничувања. Наместо стил, тој разви стратегија која никогаш не се потпира на повторлив метод, туку на различно проценување на специфичните карактеристики и барања на секој проект“, вели жирито и додава: „Односно Liu Jiakun ја зема сегашната реалност и ја обработува до таа мера, што понекогаш нуди сосема ново сценарио од секојдневниот живот“.
„Покрај знаењето и техниките, здравиот разум и мудроста се најмоќните алатки што тој ги додава во кутијата за алат на проектантот“, продилжува жирито.
Ѕuzhou Imperial Kiln Ruins Park & Museum of Imperial Kiln Brick
Liu воспоставува корисен однос помеѓу отворениот простор и густината на изграденоста на јавни простори во густо населените градови каде луксузот на просторот недостасува. Тој ја иновира функцијата на јавните простори за да исполни низа барања за разновидно општество комбинирајќи повеќе типологии во еден проект.
„Градовите имаат тенденција да ги раздвојуваат функциите, но Liu Jiakun има спротивен пристап и одржува деликатна рамнотежа за да ги интегрира сите димензии на урбаниот живот“, коментира Алехандро Аравена, претседател на жирито и лауреат на Прицкеровата награда за 2016 година.
Luyeyuan Stone Sculpture Art Museum
„Во свет кој тежнее кон создавање бескрајни досадни периферии, тој најде начин да изгради места кои се зграда, инфраструктура, пејзаж и јавен простор во исто време. Неговата работа може да понуди влијателни индиции за тоа како да се соочиме со предизвиците на урбанизацијата, во ера на градови кои брзо растат“, додаде Аравена.
Преку современите реинтерпретации на традиционалната кинеска архитектура, Liu го бележи времето и им дава на луѓето чувство на блискост, додека преку своите дела покажува почит кон културата, историјата и природата.
Chengdu Museum of Contemporary Arts, Кина
Во објавата се наведува дека неговата искрена архитектура ја прикажува искреноста на текстурираните материјали и процеси, покажувајќи ги недостатоците кои се задржуваат низ времето, а не деградираат. Не сака индустриска стока, ги фаворизира традиционалните занаети направени за и од заедницата и често користи локални суровини што ја поддржуваат животната средина и економија.
Мuseum of Cultural Revolution Clocks, Кина
„Liu Jiakun ја издигнува низ процесот и целта на архитектура, поттикнувајќи емоционални врски што ги обединуваат заедниците“, забележа Том Прицкер, претседател на Фондацијата Hyatt, која е спонзор на наградата.
„Постои мудрост во неговата архитектура, филозофски гледајќи подалеку од површината за да открие дека историјата, материјалите и природата се симбиотски“, додаде Том Прицкер.