Неодамна заврши Design Biennale Rotterdam, а неговото прво издание остави многу добар впечаток. Како што изјавија неговите основачки Sarah Schulten и Liv Vaisberg: „Ова е фестивал кој го слави дизајнерскиот дух на Ротердам, има посмел став и започнува дизајнерски разговори и културна еволуција “.
Еден од петте домаќини на фестивалот (како што ги нарекуваат локални уметници кои особено вреди да се истакнат) е австрискаиот дизајнер Laurids Gallée, која живее и работи во Ротердам, а која минатата година беше вклучен на листата на 100 Most Important Creators of the Year.
Во ротердамскиот простор Groot Handelsgebouw, Gallee беше домаќин на изложбата во склоп на која ја претсави својата уметничка серија Carine, која вклучува импозантни скулпторски светлосни инсталации, од кои најголемата е висока речиси три метри. Инспириран од древната практика на слагање камења и камчиња за да се создадат значајни маркери, Carine се состои од шест светлосни скулптури, од кои секоја ја истражува сопствената материјалност.
„Полираните површини се среќаваат со проѕирни длабочини, а боите се трансформираат низ слоевите. Овие елементи воведуваат оптички дисторзии, играјќи си со перцепцијата и движењето. Резултатот е збирка на цврсти, органски форми во кои светлината танцува, создавајќи композиции кои постојано се менуваат додека гледачот се движи низ просторот“, вели дизајнерот инаку познат по неговата работа со смола, која се покажа дека е во фокусот на бројни автори. Неговите полутранспарентни парчиња се извајани од големи блокови смола, наместо лиени во калапи, а потоа макотрпно брушени, полирани и донесени до совршенство.
И другите негови дела од областа на продукт дизајнот, исто така создадени од истиот материјал, докажуваат дека Gallée ги поместува границите помеѓу занаетот и современиот дизајн, туркајќи ги материјалите и формите во неочекувани сфери.