Насловна / Вести / Европската комисија сака да ги поедностави климатските прописи

Европската комисија сака да ги поедностави климатските прописи

Европската комисија предложи низ апромени во неколку закони кои се однесуваат на заштитата на климата, со цел да ги ослободи компаниите од преголемиот административен товар кој им ја намалува конкурентноста. Некои од тие закони се усвоени минатата година, а дел од нив се` уште не почнале да се спроведуваат. Поради тоа Комисијата е соочена со критики и обвинувања да се откаже од Зелениот план, кој бил клучна политика во првиот мандат на претседателката Урсула вон дер Лајен. Во Комисијата истакнуваат дека остануваат при целите зацртани во Зелениот план, но дека е потребно да се помогне не претприемачите полесно да се носат со конкуренцијата. Имено, идејата е да се намали административниот товар за најмалку 25%, а за малите и средни претпријатија најмалку 35% до крајот на мандатот. Комисијата наведува дека пакетот, доколку се усвои и спроведе, во претставениот облик ќе донесе заштеди од речиси 6,3 милијарди евра поврзани со административните обврски и ќе мобилизира дополнителни јавни и приватни инвестиции во висина од 50 милијарди евра.

Првиот законски пакет се однесува на директивата за корпоративно известување за одржливоста (CSRD), која делумно започна да се спроведува во јануари 2023 година, и која бара од сите големи компании да објавуваат редовни извештаи за своите активности кои влијаат врз животната средина и општеството.  Таа директива пропишува обврска за известување за сите компании кои имаат над 250 вработени и кои имаат годишен промет од најмалку 40 милиони евра. Сега се предлага од таа обврска да се ослободат сите компании кои имаат помалку од илјада вработени и чиј годишен промет не надминува 450 илиони евра. Комисијата истакнува дека според новиот предлог, 80% од компаниите ќе бидат ослободени од обврската за известување.

Комисијата предлага и поедноставување на правилата од CBAM, кој предвидува обврсказа пријавување на емисиите на стакленички гасови вградени во производите. Целта на тој механизам е цената на производите кои се увезуваат во ЕУ да го вклучуваат трошокот за јаглероден отпечаток.

 

Испрати коментар

Scroll To Top